Денес, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев им посака добредојде на новите студенти, а со свеченото врачување на индексите на 57 студенти од третата генерација, и со потпишување меморандум за соработка со Општина Струмица, започна новата студиска година на дисперзираните студии на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот ,,Свети Кирил и Методи,, во Струмица.
На свеченоста присуствуваа деканот на факултетот г-дин Орде Чукалиев и ректорот на универзитетот г-дин Ѓорѓи Мартиновски кои во своете обраќања се заблагодарија на Општина Струмица за прекрасните услови кои ги обезбеди во Домот на Арм., за одржување ма маставата.
На почетокот на октомври започна студиската година и за 70 студенти на Земјоделскиот факултет при новиот универзитет ,,Гоце Делчев,, за кои наставата се изведува во Институтот за јужни земјоделски култури.