Денес, во просториите на Домот на АРМ, Градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев, ги предаде во употреба новите простори на Центарот за поддршка на НВО – Струмица. Општина Струмица овие простории на Центарот за поддршка на НВО Струмица, ги стави на располагање во период од пет години без надокнада, се со цел подобрување и подигнување на значењето на НВО секторот во заедницата.
Просторитте се комплетно реновирани и опремени со финасиска поддршка од Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија (ФИООМ).
Центарот за поддршка на НВО е основан во рамките на Проектот„Поддршка на граѓанското општество- зајакнивање на НВО: Центри за поддршка на НВО во социјално економски неразвиени подрачја во Македонија“ финасиран од Европсак Агенција за реконструкција и ФИООМ, Истиот од декември 2006 функционира како Центар за оддржлив развој „Пората“.