Денес, Градоначалнкиот на општина Струмица, Зоран Заев присуствуваше на свеченото предавање во употреба на мамографот кој Меѓународната Фондација Борис Трајковски, преку Меѓународниот Радиолошки Институт од Охајо, Америка, го донираше за потребите на Центарот за рано откивање на болести на дојка кој е сместен во просториите на ЈЗУ Општа Болница – Струмица.
Во реализацијата на овој проект од исклучително заначење за модернизацијата на здравствениот систем во републиката и посебно општината, покрај ЈЗУ Општа Болница се вклучи и Локалната самоуправа и Организација на жени од Струмица во соработка со Институтот за Човекови права Лудвиг Болтцман од Виена, поддржани од Австриска развојна агенција.
За таа цел Локалната самоуправа донира Ултразвучен апарат со висока резолуција и електронски сонди- Ехо апарат специјално наменет за преглед на дојки.
Центарот за рано дијагностицирање на Болести на дојка во ЈЗУ Општа Болница Струмица, пред многубројните присутни гости од локалната самоуправа, јавниот и бизнис сектор, невладиниот сектор, како и бројните здравствени работници, го даде во употреба Министерот за здравство Г-дин Имер Селмани, посочувајќи го овој пример за партнерска соработка достоен за почит од целата јавност во државата, воедно нагласувајќи дека тоа е примерот како треба заедно да се ангажираат сите актери во заедницата за добробит на своите граѓани.