Македонскиот пијанист со светска слава, Симон Трпчески, во Нижото музичко училиште „Боро Џони” во Струмица го промовираше новиот клавир “Jamaha”, донација од Општина Струмица со вредност од околу 600.000 денари.
Тој одржа получасовен концерт исполнувајќи дела од Клод Дебиси. „Од срце ја поздравувам иницијативата на музичкото училиште и Градоначалникот на Општина Струмица да набават нов клавир. Со него ќе им се овозможи на генерации и генерации деца да вежбаат и музички да се образуваат“, изјави Симон Трпчевски не криејќи го задоволството што има можност да настапува во градот од каде потекнува неговата мајка.