Денес, Струмица ги празнува заштитниците на градот и со пригодни свечености ќе биде одбележен Денот на Светите Петнаесет тивериополски свештеномаченици.
Во 09 часот во црквата „Св. Петнаесет тивериполски свештеномаченици“ ќе биде одржана света божествена архиерејска литургија, на која по традиција присуствуваат илјадници верници.
Во 12 часот во Домот на АРМ ќе се одржи свечена седница на Советот на општина Струмица на која Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев ќе ги додели наградите на овогодишните добитници на годишната награда на Општина Струмица Св. 15 Тивериополски Свештеномаченици. На свечената седница ќе бидат доделени и наградите по конкурсот за литературни творби посветени на Струмица.
Во 13 часот на Булеварот Маршал Тито ќе биде откриен Споменикот на бранителите македонските бранители од 2001 година, Атанас Јанев и Коле Китанов. Идејното решение за споменикот е на академскиот ликовен уметник Димитар Филиповски од Скопје.
Во 17 часот во Општинската библиотека “Благој Јанков Мучето” ќе бидат доделени наградите за најдобри читатели, а во 18 часот ќе биде промовирана книгата “Македонски народни приказни” од Иван Котев.