Општинската визија за новото современо утре, темелена на цврсти партнерски релации со сите општествени чинители во заедницата уште еднаш беше потврдена од страна на градоначалникот Зоран Заев со ставањето во функција на Психосоцијалниот клуб во Центарот Св.Елисавета во Струмица.
Општинската визија за новото современо утре, темелена на цврсти партнерски релации со сите општествени чинители во заедницата уште еднаш беше потврдена од страна на градоначалникот Зоран Заев со ставањето во функција на Психосоцијалниот клуб во Центарот Св.Елисавета во Струмица. Практикувајќи го моделот на споделена одговорност за континуиран социоекономски развој на заедницата и овој пат ја потврди силната заложба за приближување на општината и републиката кон современите европски и светски развојни процеси. Овој проект беше плод на повеќемесечна плодна партнерска соработка меѓу Општина Струмица, Македонската Православна Црква – Струмичка Епархија и Здружението за превенција, советување, лекување и заштита на човековите права на корисниците на дрога и други маргинализирани групи Избор од Струмица со логистичка поддршка на Министерството за внатрешни работи Струмица и Центарот за социјална работа – Струмица. Овој клуб, во иднина, на оваа целна група ќе им ги обезбеди сите услови кои досега им недостасуваа во насока на спроведување на нивните секојдневни креативни активности кои се од пресудно значење за нивното понатамошно психосоцијално јакнење.