По повод Нова Година, од страна на штитеницете на Центарот за поддршка на лицата со интелектуална попреченост ПОРАКА Струмица, децата со посебни потреби,беше организирана скромна предновогодишна прослава.
По повод Нова Година, од страна на штитеницете на Центарот за поддршка на лицата со интелектуална попреченост ПОРАКА Струмица, децата со посебни потреби,беше организирана скромна предновогодишна прослава. Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев со своето присуство ја зголеми огромната радост на бескрајно среќните детски лица.
За оваа пригода, Општина Струмица на сите дечиња им обезбеди Новогодишни пакетчиња. Градоначалникот асистирајќи му на Дедо Мраз уште еднаш ја покажа својата хумана дименција, потврдувајќи ја грижливоста на општината за сите подеднакво.
Оваа скромна прослава беше дел од програмата на Клубот за времено опфаќање на лица со интелктуална попреченост – ПОРАКА , за 2007 год.