Почитувани сограѓани од исламска вероисповед, Рамазан Бајрам, како еден од Вашите најголеми празници со кој го славите завршувањето на Светиот месец, нека ги исполни Вашите срца и души со добра помисла, како триумф на духовното и телесното прочистување.
Заедно со верата, молитвите, поклонението и давањето милостина, Вие со Рамазанскиот триесетдневен пост, ја комплетирате неопходната низа која го сочинува Исламот, со што го заслуживте тридневното празнување на Рамазан Бајрам.Ползувајќи ги милоста, бериќетот и проштевањето како дарови од Рамазан, дарувајте и Вие добрина, милосрдие и љубов на Вашите ближни и на луѓето од заедницата во која живеете. Среќата, хармонијата и благосостојбата нека го исполнуваат Вашиот дом и нека бидат вечни сопатници на членовите на Вашите семејства.Со желба за весело расположение, добро здравје и живот каков што заслужувате, од мое лично име и од името на Општина Струмица, Ви го честитам Рамазан Бајрам и Ви посакувам празнувањето да ви биде за многу години.