Општина Струмица по многу параметри и истражувања од релевантни институции е докажана како најтранспарентна и најотчетна општина во државата. Општина Струмица од 2005 год предводена од Градоначалникот Зоран Заев, како сервис на граѓаните, со труд и длабока посветеност го носи и го чува овој примат. Ваквото долгогодишно признание се должи на почитувањето на законската регулатива. Впрочем, државните контроли и инспекции се редовно секојдневие во општинската зграда.
Замајувањето на јавноста и граѓаните со конфузни прес конференции во кои се покажува елементарно непознавање за надлежностите на општината, се само гол обид да го оцрнат името на градоначалникот на општина Струмица.