Денес, во раните утрински часови, беше извршено авиотретирање против комарци на територијата на општина Струмица. Во ова второ авионско прскање, како и во првото кое беше спроведено на 11 јуни, беше употребено средството „Ауродил супер ПБ“ кое е мошне ефикасно за справување со комарците. Оваа активност е плод на соработката помеѓу Општина Струмица и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.