Во просториите на Дом на АРМ денес, 28.07.2016 година (четврток), Комисијата за спроведување на јавен повик за проекти од Здруженија на граѓани од Општина Струмица одржа работна средба со Претставници на Здруженијата на граѓани чии проекти се грантирани од Буџетот на општина Струмица за 2016 година заради координација, усогласување и наредни постапувања кои се однесуваат на реализацијата на активностите согласно процедурата за распределба на финансиските средства и потпишаните договри.