Советот на Општина Струмица, денеска, ја одржа третата седница на која што беа усвоени повеќе предлог одлука, програми, извештаи и решенија.Зелено светло од советниците добија Предлог-Одлуката за измена и дополнување на буџетот на општина Струмица за 2017 година, Предлог-Програмата за измена на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Струмица за 2017 година, Предлог – Програмата за измена на Програмата за активностите на општина Струмица од областа на културата во 2017 година,
Предлог –Програмата за измена на Програмата за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот во 2017 година, Предлог-Програмата за одржување на улиците во град Струмица, како и локалните патишта во зимски услови – зима 2017/2018 година. На седницата беа усвоени и кварталниот извештај за извршувањето на буџетот на општина Струмица за третиот квартал од 2017 година, Предлог – Решението за разрешување на членови во Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ Струмица, Програмата за работа на општинската јавна установа –Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Јоска Свештарот“ Струмица за 2018 година, извештајот за рабoтата на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ за период 01.01 -30.09.2017 година, Извештајот за работата на ЈПКД „Комуналец” за периодот од првите три и првите шест месеци од 2017 година, годишниот план за вработување за 2018 година на ЈПКД „Комуналец” и предлог одлуки од областа на урбанизмот.