Во рамките на проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“, финансиран од Детската Фондација Песталоци и имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, во соработка со Бирото за развој на образованието-Скопје, учениците од спортската секција во основното општинско училиште „Маршал Тито“ од село Муртино, реализираа уште една планирана програмска активност.
Беа опфатени повеќе елементи на заедничка тимска работа и работа во парови, со користење на топки и спортски реквизити набавени од донаторот на проектот. Меѓусебната соработка и дружење на учениците од различни етнички групи и почитувањето на различностите, ја зголемуваат самодовербата и учениците се учат да развиваат позитивни ставови, психосоцијални и интерперсонални комуникациски способности, со развиени вештини за позитивно емоционално изразување во спортските игри. Општина Струмица, како партнер во овој проект, преку Комисијата за меѓуетничка интеграција во образованието, постојано ги следи и продолжува со поддршка на активностите планирани во годишните програми на училиштата.