Конкурс за доделување на Годишна награда и животно дело на општина Струмица “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”

Врз основа на член  10 од Статутот на Општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица”  бр. 5/06) и член  28 од Правилникот за начинот, условите и постапката за доделување на Годишната награда на Општина Струмица “Св.Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” (“Сл. гласник на општина Струмица”  бр. 19/07, 23/09 и 25/09), Комисијата за општествени дејности при Советот на општина Струмица,   распишува:

К о н к у р с

за доделување на Годишна награда и животно дело на општина Струмица

Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”

 

  1. Годишната награда на Општина Струмица “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” се доделува како признание на Општина Струмица  на правни и физички  лица од Општина Струмица, Република Македонија и  други држави како и на меѓународни организации и асоцијации  и нивни претставници за посебни остварувања во:  стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и сите други сегменти од животот, што дале посебен придонес  за развој  и афирмација  на Општина Струмица во Република Македонија и пошироко.
  2. Годишната наградата се доделува за остварувања реализирани  во период од една година, сметано од завршувањето  на огласот  и за остварувања  во период подолг од десет години  како награда за животно дело.
  3. Наградата на поедници и група творци се состои  од диплома, плакета со грбот на општина Струмица, бронзен медал со ликот на “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”  и паричен износ.

4.Наградата на  правни лица  се состои од диплома, плакета со грбот на општина Струмица и бронзен медал со ликот на “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” .

5.Наградата на лица од други држави, како и на меѓународни организации и асоцијации  или на нивни претставници,  се  состои од диплома, плакета со грбот на општина Струмица и  бронзен медал со ликот на “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” .

6.Наградата за животно дело се состои  од диплома, плакета со грбот на општина Струмица, бронзен медал со ликот на “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”  и паричен износ.

  1. Право за предлагање на  кандидати за наградата имаат: научни, стручни, стопански и други организации и заедници и граѓани – поединци.

8.Предлозите за награда треба да содржат: биографија на лицето или организацијата што се предлага со детално образложение на постигањата, заради кои се  доставува предлогот.

Предлогот треба да биде поткрепен со соодветна документација.

9.Предлозите во 6 (шест) печатени примероци се доставуваат на адреса: Комисија за опшествени дејности  при Советот на општина Струмица со назнака  за Годишна награда или животно дело, Струмица,  лично во архивата на Општина Струмица, или по пошта на адреса: Општина Стрмица  ул.”Сандо Масев” бр. 1 Струмица.

  1. Конкурсот трае заклучно со 27 ноември 2017 година. Предлозите доставени по истекот на рокот наведен во конкурсот нема  да  се разгледуваат.

Предлагачот  е потребно да го наведе својот полн назив, адреса и телефонски број.

Формулар за конкурирање може да се подигне во архивата на Општина Струмица или  да се најде на  веб страницата  www.strumica.gov.mk

 

Комисија за општествени дејности

Претседател,

Александар Ненчев  с.р.