Градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски, денеска, организираше средба со претставниците на компаниите кои што беа генерални спонзори на Струмичкиот карневал 2017. Тој им се заблагодари за поддршката на оваа вековна и препознатлива манифестација која што на Струмица и донесе светска слава, изразувајќи надеж дека таа ќе продолжи и понатаму. Во знак на благодарност им врачи и пригодни подароци, а претставниците на компаниите – генерални спонзори на карневалот, ја потврдија желбата за понатамошна поддршка. На средбата присуствуваа и претседателот на Советот на општина Струмица,Марјан Даскаловски, претседателот на Организациониот одбор на карневалот Александар Цицимов и членови на истиот.