Се одржа вториот настан од Отворените забавни фудбалски школи 2017. Во него учествуваа ученици од четврто одделение од основните општински училишта „Видое Подгорец“ и „Маршал Тито“. Отворените забавни фудбалски школи се одржуваат под покровителство на општина Струмица и градоначалникот Коста Јаневски. Следуваат уште два настана кои што ќе се одржат напролет, а во кои ќе бидат вклучени дечиња од основните училишта „Сандо Масев“ и „Никола Вапцаров“ и од училиштата во населените места.