ЕКО акцијата за генерално чистење на градот која што ја реализираат општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, а во пресрет на новогодишно – божиќните празници, продолжи во горниот дел на градот. Во досегашниот тек на акцијата од улиците и дивите депонии собрани се вкупно 1.300 метри кубни разновиден отпад. Акцијата ќе продолжи во недела.