Општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ ги известуваат граѓаните кои што живеат на улицата „Антон Панов“ дека во недела (24.12.2017 година) на завршниот ден од ЕКО акцијата ќе се изврши повторно чистење на дивата депонија на оваа улица. Чистењето ќе се врши со механизација и за таа цел се известуваат граѓаните да ги отстранат возилата од улицата од безбедносни причини и обезбедување услови за нормално движење на градежната механизација.