Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, синоќа беше со членовите на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“ на традиционалната забава организирана по повод новогодишно – божиќните празници. Во претпразнична и пријатна атмосфера исполнета со взаемна и искрена другарска почит, си посакаа многу здравје, среќа и радост во Новата 2018 година.