Синоќа во клубот „Индустриал“, во организација на Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“, се одржаа јубилејните, десетти по ред, Роднокрајни поетски средби.
На оваа веќе традиционална поетска манифестација, која има за цел да ги промовира домашните автори на уникатен и неформален начин, учествуваа десеттина поети од Струмица, како и автори од Скопје и Гевгелија, кои се претставија со дел од своето поетско творештво. Специјален гостин на вечерта, беше романската поетеса Дениса Дуран од Букурешт, која сподели со присутните стихови од нејзината најнова поетска збирка „Се уште сум млада“, преведена на македонски јазик. Инаку, Роднокрајните поетски средби, се финансиски поддржани од Општина Струмица, од Програмата Г1, за поддршка на здруженија и фондации, за 2016 година