Во рамките на проектот „Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Република Македонија”, во кој општина Струмица е вклучена преку партнерската организација МЦГО-Скопје, ученици од средните општински училишта „Јане Сандански“ и „Димитар Влахов“ од Струмица, престојуваа во детското село Песталоци во Троген-Швајцарија.
Таму тие се обучуваа со знаења и вештини поврзани со правата на децата, со принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, анти-дискриминација, меѓусебно разбирање, почитување и толеранција на вредностите помеѓу различните култури. По завршувањето на интеркултурната размена учесниците имаат обврска да се вклучат во имплементација на активности од акционите планови креирани за време на размената, а во општина Струмица ќе се спроведуваат за време на одбележувањето на неделата на детето. Нашите ученици во текот на оваа интеркултурна размена се дружеа заедно со ученици од Србија, Русија и Молдавија, а во текот на слободното време заедно посетуваат научни, културни и историски знаменитости во Швајцарија. Општина Струмица како и досега во многу проекти, ја дава поддршката за учеството на нашите ученици во меѓуетничката интеграција и интеркултурна комуникација и активно учествува во имплементација на акционите планови креирани од самите ученици и нивните ментори.