Врз основа на член 62, став 10, од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на РСМ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24 и 40/25), Градоначалникот на општина Струмица, објавува:
СООПШТЕНИЕ
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВЕН УВИД
Се организира јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за КП 643 и КП 644 КО БАНИЦА , Општина Струмица.
Со овој Урбанистички проект се опфаќа простор со површина од 2374,95м2. Просторот на планскиот опфат ги зафаќа: : КП 643; КП 644; КО БАНСКО, Општина Струмица.
Соопштението за организирање на јавен увид ќе биде објавено на огласната табла во Секторот за урбанизам и комунални работи и на ВЕБ страницата на Општина Струмица.
Јавниот увид ќе трае (15дена) од 08.05.2025година до 22.05.2025година.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со Урбанистичкиот проект можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетни листови.