Во општинскиот сервис „Систем 48“ во текот на месец јули биле евидентирани 215 пријави. Од нив решени се 192 пријави, а останатите 23 се во процес на решавање, поради специфичниот материјал кој бил потребен како од областа на уличното осветлување, така и од областа на урбаната опрема со што за решавање на проблемите бил потребен подолг временски период од 48 часа.
Најголем број од пријавите се од областа на уличното осветлување 128, собирање смет 36, водовод и канализација 15, паркови и зеленило 3, општински инспекциски служби 5 и останатите се од други области.Од „Систем 48“ им се заблагодаруваат на граѓаните за соработката и довербата и апелираат за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да може општинските служби навремено да интервенираат и истите да ги решаваат во определениот рок од 48 часа.