Повеќе локации во населените места се уредуваат во пријатни катчиња за одмор и релаксација, а во рамките на проектот кој што го реализираат општина Струмица и јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ за уредување нови зелени површини.
На планираните локации во населените места Водоча, Добрејци, Просениково и Сачево, веќе е поставен дел од опремата, а сите ќе бидат уредени со тревни површини, ќе има хортикултурно уредување и ќе биде поставена урбана опрема, со што жителите ќе добијат прекрасни катчиња за одмор и релаксација. За секоја локација е направен проект во кој се испочитувани и желбите и потребите на граѓаните.