Пред стартот на новата учебна година, во ООУ „Маршал Тито“ Муртино се е подготвено за прием на учениците и отпочнување на воспитно-образовниот процес. Во текот на летниот распуст, во ова училиште се реализирани повеќе активности,
почнувајќи од комплетно молерисување на ѕидовите и таванските површини на училниците и другите простории, преку дезинфекција, дезинсекција и дератизација во централното и подрачните училишта, па се до оплеменување на малиот двор во внатрешноста со нови садници и цвеќиња. Набавени се и нови бироа и плакари (мали и големи). Според зборовите на директорот на училиштето, Весна Илиевска, започната е постапката за приклучување на училиштето на канализационата мрежа.