ЈАВЕН ПОВИК

Knowledge Center за потребите на Општина Струмица во партнерска соработка со Фондацијата Отворено Општество – Македонија, како дел од локалната Стратегијата за млади 2015-2020 на општина Струмица,  со Акциски план за млади 2015-2017 година, во рамките на проектот „Поддршка на старт ап бизниси за млади објавува :

ЈАВЕН ПОВИК

за 

пријавување на кандидати за учество на едукативни обуки за млади

за реализација на проектот „Поддршка на старт ап бизниси за млади

Доколку си невработена личност на возраст помеѓу 18-35 години и живееш на територијата на Општина Струмица, ВРЕМЕ Е ЗА ТВОЈАТА ИДЕЈА. Прати ја твојата иновативна идеја заедно со потребните документи, учествувај на обуките и биди еден од најуспешните 8 кои ќе бидат наградени со по 3000 Евра за започнување на својот бизнис.

За да се пријавиш, пополни ја aпликационата форма на следниот линк http://i-lab.mk/index.php/mk/proekti/227-startup-strumica и достави диплома или друг доказ за стекнат степен на образование и дополнителни сертификати, доколку има.

Повеќе информации на www.I-lab.mk, меил info@theknowledge-center.com. или на тел 078 30 15 40.

Рокот за пријавување трае до 14 септември 2016 год, 17:00 часот.

При селекцијата на кандидатите ќе се внимава на родовата еднаквост и етничката застапеност.