Деновиве од швајцарскиот град Интерлакен се врати петчлената група од Средното општинско училиште „Димитар Влахов“ , која направи возвратна посета на Училишниот центар „ Бизнис центрум Интерлакен “.Според зборовите на директорот на училиштето Димитар Ѓорѓев, тој, неговиот помошник и тојца професори од здравствената струка, имале убава можност , покрај училишниот центар во Швајцарија , до го посетат и старечкиот дом и болницата во Интерлакен , и на тој начин да се запознаат со начинот на кој функционираат овие институции.
Престојот бил искористен и за вклучување на струмичките професори во наставата , на часовите по интерна медицина и хигиена, при што професорката Соња Трендова , пред швајцарските ученици , одржала предавање на тема „срцев удар “. Резултатите од размената на искуства со швајцарските колеги и видените новитети во институциите во Интерлакен , според најавите на Ѓорѓев , ќе најдат свое место во наставата, за учениците од здравствената струка да се здобијат со поквалитетно знаење.Инаку, минатата година , во посета на СОУ „Димитар Влахов“, престојуваа професори од училиштето од Интерлакен , со што започна соработката помеѓу овие две средни училишта.