Во рамките на проектот „Општина по мерка на граѓаните“, претставници од Општина Струмица, присуствуваат на обука на тема „Општина по мерка на детето, која се одржува во Велес“.
Главниот аспект на оваа обука се однесува на партиципативноста на децата и нивното влијание во донесувањето одредени решенија за нивно учество во јавниот живот, како што се културните и социјалните настани за остварување на основните принципи на детските права. Со тоа, улогата на општината, во делот од обврските, е да стане рамноправен носител на активностите за имплементација на Конвенцијата за правата на детето.Општина Струмица и досега беше прва општина во државата, која го градеше, афирмираше и популаризираше концептот за вклученост на децата и младите во донесувањето на развојни решенија кои се во функција на креирање општина по нивна мерка.