ЈПКД „Комуналец“ деновиве постави урбана опрема на улицата „Ристо Ќурчиев“ која се состои од помали канти за смет, кои како такви се достапни и за децата кои живеат на оваа улица. Оваа активност е резултат на позитивниот одговор на градоначалникот Зоран Заев и Општина Струмица,
на барањето од граѓани и деца од оваа улица.На поставувањето на кантите за смет и претходеше акција за чистење и уредување на просторот пред станбените објекти, спроведена од станарите кои живеат во истите. Поставената урбана опрема на улицата „Ристо Ќурчиев“ е само дел од активностите кои се резултат на повеќето одобрени барања од граѓани, од страна на општина Струмица.