Во рамките на програмата за одбележување на 11. Септември – Денот на ослободувањето на Струмица, синоќа во НУЦК „Антон Панов“, беше отворена изложбата на дела создадени на 53. Меѓународна струмичка ликовна колонија. Во присуство на дел од учесниците на колонијата, претставници од Советот на општина Струмица и љубители на ликовната уметност, изложбата ја отвори раководителот на Секторот за ликовно-галериска дејност при НУЦК „Антон Панов“, Александар Филев.
Покрај другите дела, на изложбата беше застапена и скулптурата на Горан Ѓорев, скулптор од Демир Капија, која е избрана за идејно решение за споменикот на загинатите пилоти од МВР во хелихоптерската несреќа, а ќе го реализира Општина Струмица.Инаку, на овогодинешната колонија која се одржа во првата декада на август, учествуваа 21 ликовен уметник од Србија, Бугарија, Полска, Германија, Русија и Македонија, кои создадоа 60 нови дела во различни ликовни техники.И годинава Општина Струмица финансиски го помогна одржувањето на Меѓународната струмичка ликовна колонија, поддржувајќи го во континуитет развојот на културата во нашата општина.