Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ ја зголемува јавната хигиена во градот. На улицата „Ристо Ќурчиев“ направен е еколошки остров во кој ќе бидат сместени контејнерите. Со поставувањето на контејнерите во затворен простор се заштитуваат истите и се попречува расфрлањето на отпадот со што се создаваше грда слика на местата околу нив. Еколошките острови се од метална конструкција и истите се изработени во „Комуналец“.Од „Комуналец“ најавија дека во наредните денови на повеќе локации во градот ќе бидат направени еколошки острови.