Во населеното место Дабиле, денеска, беше поставен асфалтен слој на четири улици. Овој градежен зафат се реализираше согласно Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2016 година на општина Струмица. По Дабиле асфалтирањето ќе продолжи во населените места Сачево и Муртино. Средствата за овој зафат се обезбедени од буџетот на општина Струмица.