По повод 85 – годишнината од раѓањето на основоположникот на современата македонска литература, Анте Поповски, синоќа во НУЦК „Антон Панов“ се одржа мултимедијален настан, наречен „Омаж за Анте Поповски“. Во рамките на истиот, проф.
д-р Кристина Николовска го промовираше постхумно издаденото дело на Анте Поповски „Две тишини“, беше поставена изложба на фотографии од Анте Поповски како поет и општественик, за делото на поетот зборуваа фолклористот Иван Котев и Митко Гогов, беше презентиран видео материјал со Анте Поповски, а стихови од неговата поетска ризница кажуваа Мариета Дукиќ, Катерина Панов Кожаров и Павле Стојанов. Свое обраќање пред присутните имаше и синот на Анте Поповски, Александар, кој меѓу другото, изрази благодарност до Општина Струмица за поддршката на овој значаен културен настан.