По барање на месното население од село Куклиш, денес ЈПКД „Комуналец“ изврши сеопфатно чистење на централниот дел на ова населено место. Според зборовите на Бранко Георгиев, раководител на Одделот „Чистота“ при ЈПКД „Комуналец“, при чистењето се опфатени и улиците кои грвитираат кон центарот на селото, а се отстранети и две помали диви депонии на влезот во Куклиш. Со тоа, Куклиш и куклишани, подготвени ќе ги дочекаат гостите од Велико Банатско Село, кои утре ќе пристигнат во посета кај своите домаќини од КУД „Браќа Минкови“ од Куклиш. Општина Струмица и овој пат, како и до сега, позитивно ги решава барањата и потребите на граѓаните, како од градот, така и од населените места.