Во општинскиот сервис „Систем 48“ во текот на месец август, биле доставени 221 пријави, од кои решени се 217, а останатите 4 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа.
Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ во месец август се од областа на уличното осветлување 118, од областа на собирање смет 29, водовод и канализација 18, општински инспекциски служби 7, а останатите се од други области.Од „Систем 48“ им се заблагодаруваат на сите граѓани на општина Струмица за користењето на услугите на овој општински сервис.