Општина Струмица денеска беше дел од националната еколошка акција „Ајде Македонија“. Во рамките на оваа акција, Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ ја исчисти дивата депонија позади градските гробишта. Овој зафат се реализираше со средства од буџетот на општина Струмица во висина од 90 илјади денари.