Во рамките на реализацијата на проектот ,,Создавање на поволно деловно опкружување за економска одржливост на прекуграничниот регион Струмица – Кичево – Кукуш” – Бизнис Мрежа С-К-К, финансиран од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу
Република Македонија и Република Грција 2007-2013, денеска, општина Струмица организираше состанок на Комисијата за советување, поддршка и координација на деловните субјекти вклучени во рамките на самиот проект, кој што се одржа во домот на АРМ. Како една од предвидените активности во рамките на проектот беше и формирањето на оваа Комисија, која ќе има советодавна и координативна улога во донесувањето на сите одлуки поврзани со остварувањето на општата цел на проектот, односно, создавање на поволни услови за економски развој на прекуграничниот регион Струмица – Кичево – Кукуш. На денешниот состанок, секој од проектните партнери ги презентираше планираните проектни активности во соодветната општина. Како водечки проектен партнер – општина Струмица ги информираше и запозна присутните со критериумите и начинот на избор на членови на Комисијата утврдени во рамките на проектот, кои што се строго поврзани со задачите и должностите што самата Комисија и нејзините членови се очекува да ги извршат.Во овој проект вклучени се општина Струмица која ја има улогата на водечки партнер, подрачната единица Кукуш од Грција која ја има улогата на проектен партнер број 2 и општина Кичево се јавува како трет проектен партнер. Предвидено е овој проект да трае околу 15 месеци и во рамките на овој проект една од предвидените активности беше токму формирањето на оваа комисија која што ќе има советодавна и координативна улога при донесувањето на едни од најважните одлуки кои што се поврзани со остварувањето на главната цел на овој проект, а тоа е создавање поволни услови за економски развој на прекуграничниот регион, Струмица – Кичево – Кукуш, рече Драган Гонев проектен менаџер на проектот „Бизнис Мрежа С-К-К“ од општина Струмица.Посебен дел од состанокот беше посветен на организацијата на 3-те регионални саеми кои треба да се одржат до крајот на оваа година, а саемот во Струмица предвидено е да се одржи кон крајот на месец ноември.