Асфалтирани три улици во село Муртино

По завршувањето на неопходните подготвителни работи, денес беа асфалтирани три улици во селото Муртино, како дел од Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2016 година, на општина Струмица. Според најавите од надлежните служби, во наредните денови ќе бидат асфалтирани улици и во населените места Габрово, Банско, Свидовица и Куклиш. За денешниот и наредните зафати, обезбедени се средства од Буџетот на општина Струмица.