Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, деновиве, ги разубавува јавните површини во градот заменувајќи го летното со зимско цвеќе. Според информациите од Ленче Гудева, раководител на единицата „Зеленило“, се засадуваат 2.500 хризантеми на површините на кружните текови, околу палмите на булеварот „Маршал Тито“, во жардинериите на плоштадот и на делови од парковите површини. На сите останати јавни цветни површини во градот, планирано е да се засадат уште десет илјади разнобојни темјанушки со што ќе се заокружи есенското разубавување на градот.