Под покровителство на општина Струмица, а како дел од програмата со која што ќе се одбележи празникот 11-ти Октомври, ќе се одржи 5-от традиционален фудбалски турнир за девојчиња.
Право на настап имаат фудбалерки родени 2002 година и помлади.Турнирот ќе започне на 11.10.2016 година (вторник) со почеток во 10 часот, но наместо на игралиштето со вештачка трева како што беше најавено, поради дождливото време тој ќе се одржи во спортската сала на средното општинско училиште „Димитар Влахов“. На турнирот ќе учествуваат женските фудбалски клубови „Тиверија“ од Струмица, „Кочани“, „Габер“ од Кавадарци и „Победа“ од Валандово.