Во рамките на реализацијата на проектот ,,Создавање на поволно деловно опкружување за економска одржливост на прекуграничниот регион Струмица – Кичево – Кукуш” – Бизнис Мрежа С-К-К (во понатамошниот текст – проект ,,Бизнис Мрежа С-К-К”), финансиран од Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007-2013, општина Струмица, на ден 10.10.2016 година, објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ИЗБОР НА УЧЕСНИЦИ НА ОБУКИ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ
,,Бизнис Мрежа С-К-К”
Општина Струмица, во соработка со Општина Кичево и Подрачната единица Кукуш од Република Грција го спроведува проектот ,,Бизнис Мрежа С-К-К” кој има за цел да создаде поволни услови за соработка, вмрежување и економски развој на прекуграничниот регион Струмица – Кичево – Кукуш.
Во негови рамки е предвидено одржување на повеќе обуки кои се наменети за претставници од бизнис секторот (мали и средни претпријатија, производители, трговски и услужни претпријатија), локални и регионални власти, организации за поддршка на бизнисот, стопански комори и други сродни субјекти.
Во рамки на проектот ќе бидат спроведени следните обуки:
-
- Обука на тема „Брендирање“
Датум на одржување: 24.10.2016 (понеделник) – 25.10.2016 (вторник);
Место на одржување: Кукуш, Р. Грција;
Број на учесници од општина Струмица: 10;
Работен јазик: Англиски.
-
- Работилница на тема ,,Национално и меѓународно законодавство за увоз/извоз”
Датум на одржување: 05.11.2016 (сабота) – 06.11.2016 (недела);
Место на одржување: Кукуш, Р. Грција;
Број на учесници од општина Струмица: 10;
Работен јазик: Англиски.
-
-
Обука на тема ,,Успешно претставување на саем”
-
Датум на одржување: 08.11.2016 (вторник) – 10.11.2016 (четврток)
Место на одржување: Струмица;
Број на учесници од општина Струмица: 10;
Работен јазик: Македонски.
-
- Обука на тема „Конкурентност и подобрување на примената на стандарди”
Датум на одржување: 11.11.2016 (петок) – 13.11.2016 (недела);
Место на одржување: Кичево;
Број на учесници од општина Струмица: 10;
Работен јазик: Македонски.
- Обука за подготовка на проекти за ЕУ програмите КОСМЕ и ХОРИЗОН 2020
Датум на одржување: 07.03.2017 (вторник) – 10.03.2017 (петок);
Место на одржување: Струмица;
Број на учесници од општина Струмица: 15;
Работен јазик: Македонски.
На обуките ќе учествуваат претставници на целните групи од општините Струмица, Кичево, Кукуш и Поликастро (Р. Грција). Kандидатите кои се заинтересирани за учество на обуките треба да ги исполнуваат следните критериуми:
-
Да бидат претставници на една од целните групи (бизнис секторот, локални и регионални власти, организации за поддршка на бизнисот, стопански комори и други сродни субјекти);
-
Да живеат и работат на територијата на прекуграничниот регион Струмица-Кичево-Кукуш;
-
Да имаат солидно познавање од англискиот јазик (усна и писмена комуникација);
-
Да имаат завршено минимум средно образование;
-
Да покажат интерес, желба и мотивација за учество на обуките.
За пријавување на обуките, кандидатите треба да го пополнат онлајн апликациониот формулар на следниот линк:
Апликациониот формулар може да се достави и во просториите на Одделението за меѓународна соработка и европски фондови при општина Струмица, ул. ,,Благој Јанков – Мучето” бр. 37 (Дом на АРМ) – Струмица.
Крајниот рок за аплицирање за обуките е пет дена пред одржувањето на соодветната обука.
Кандидатите кои ги исполнуваат потребните критериуми за учество на обуките ќе бидат навремено информирани за нивниот избор преку и-меил и телефон.
Трошоците за сместување, храна, како и патните трошоци за учесниците од Струмица на настаните кои ќе се одржат во Кукуш (Грција) и Кичево ќе бидат целосно покриени од страна на Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007-2013.
Дополнителни информации може да се добијат на телефон: 078/400-642 или со испраќање на и-меил на следнава електронска адреса: businesscircle.skk@gmail.com.