Во рамките на одбележувањето на Детската недела кое што домот за деца и млади „Благој Мучето“ го започна на трети октомври, денеска, беше отворена изложба на ликовни творби создадени од учениците од основните училишта, а по распишаниот конкурс од Домот за деца и млади.
Темата на конкурсот беше „И децата се прашуваат“, а покрај ликовни дела, учениците создаваа и литературни дела на истата тема. На најдобрите ученици од литературниот и ликовниот дел од конкурсот денеска им беа врачени пригодни награди. Според Светлана Мазгаловска Вучетиќ, Детската недела во Струмица и годинава беше соодветно одбележана, бидејќи децата се нашата иднина и го заслужуваат тоа.