Под покровителство на градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица, во спортската сала на средното општинско училиште „Димитар Влахов“ се одржа 5-от фудбалски турнир за девојки. На турнирот учествуваа пет екипи кои по одиграните натпревари ги постигнаа следните резултати:
екипата на Кочани го освои првото место, втора е екипата на Тиверија А, трета Тиверија Б, четвртото место го освои Победа од Валандово 16 и петтото место Габер од Кавадарци. За најдобар играч на турнирот е прогласена Билјана Панеска од Тиверија Б, најдобар голман Ана Апостолова од Кочани и најдобар стрелец Ивана Василева од Тиверија А со 9 постигнати голови.Овој фудбалски турнир за девојки се одржа во рамките на програмата со која што општина Струмица го одбележа 11-ти Октомври Денот на народното востание и Денот на борецот.