Согласно бодовите по финалниот извештај за проектот за организирање и спроведување на едукативни обуки за млади за реализација на проектот „Поддршка на старт ап бизниси за млади“ во општина Струмица за 2016 година,
од економскиот оператор Нолиџ центар од Скопје и одлуката од комисијата за избор на кандидати со најдобри бизнис планови, избрани се осум кандидати кои со наградата од три илјади евра ќе можат да ги стартуваат своите бизнис планови. Наградите се доделуваат од наградниот фонд на проектот кој беше избран како приоритетен од граѓаните на општина Струмица во рамките на Форумите во заедницата за 2015 година. Избраните кандидати лично ќе бидат контактирани заради потпишување на изјави и договори.
Одлука за избор на кандидати : линк
Доделување награди на најуспешните 8(осум) бизнис планови : линк