Координаторот за еднакви можности на мажите и жените во општина Струмица, Нела Масалковска, беше на студиска посета во Утрехт, Холандија. Студиската посета беше реализирана во рамките на проектот на асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Хера, „Заштита од дискриминација, со фокус на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет на локално ниво”.
Целта на проектот е да се запознае холандискиот систем за заштита од дискриминација, како и системите за обезбедување на еднакви можности меѓу мажите и жените. Посетата овозможи запознавање на механизмите за заштита од дискриминација во Градското собрание во Утрехт, Рутгерс-нво,Член 1, Институт за човекови права, полицијата во Утрехт и најстарата организација која работи за заштита на дискриминација врз основа на сексуална ориентација.Општина Струмица е дел од овој проект од март оваа година и истиот е поддржан од Амбасадата на кралството Холандија во Скопје.