Градежните активности на асфалтирање улици во општина Струмица, продолжуваат со несмален интензитет. Според информациите од Одделението за комунални работи при Општина Струмица,
вчера е асфалтирана улица во Градско Балдовци во должина од 300 метри, на потегот од деловните простории на „Ников“ до месното игралиште. Според истите информации, во тек се подготвителни работи за асфалтирање на две улици во Добрејци. Овие активности се дел од Програмата „Изградба и реконструкција на локални патишта и улици“ за 2016 год. на Општина Струмица, за кои се обезбедени средства во општинскиот Буџет.