Во духот на транспарентноста и отчетноста кои ја ставија Струмица на врвот меѓу општините во Република Македонија, градоначалникот Зоран Заев, информираше за реализираните активности од општинскиот буџет во оваа 2016 година.-На крај сме на завршувањето на третиот квартал, направивме еден рекапитулар за да ги потсетиме граѓаните што од капитален аспект е реализирано во општина Струмица и во кој период, рече градоначалникот Заев.Еве дел од проектите за кои информираше градоначалникот Заев:
–
Во јануари започна и се уште е во тек реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Климент Охридски“ вредна повеќе од 6,5 милиони денари, тоа е тој остаток од старите азбестни цевки кои беа предвидени во МЕАП програмата, секоја година заменуваме значаен дел вреден околу 100 илјади евра. Во завршна фаза е изградбата на системот за фекална канализација во населеното место Добрејци. Со овој зафат се изведуваат вкупно 10.760 метри канализациона мрежа со што ќе се покрие целото населено место. За овој, но и за останатите два система во населените места Дабиле и Просениково, општина Струмица обезбеди 1.136.000,00 евра од Европската инвестициска банка. Се гасифицираат нови делови од Струмица, а Општината ја намали цената за приклучок на гасоводниот систем на 500 евра. Се асфалтираа улици во Куклиш, Муртино, Дабиле, Сачево, Свидовица, Добрејци, Градско Балдовци, на 42 локации се санирани ударните дупки на улиците во градот, а се работи и во неколку населени места. Се уреди просторот околу Габровските водопади за што се потрошени 2 милиони денари. Преуредени се парковите во населените места Свидовица, Просениково, Костурино, Муртино и Куклиш за што од општинскиот буџет се издвоени три милиони денари. Во завршна фаза е реализацијата на проектот за 50 нови зелени површини во градот и населените места со кој е опфатена површина од 10 илјади метри квадратни. Отворена е COCA COLA активна зона. Реализирани се повеќе градежни зафати и активности во основните и средните училишта. Почна реализацијата на проектот „Поддршка на старт ап бизниси за млади“. Изведена е водоводна линија за потребите на Пречистителната станица и индустриската зона Сачево, вредноста е 2.132.000,00 денари. Бетовенова доби комунална инфраструктура (водоводна линија од 416 метри, фекална канализација во должина од 417 метри и атмосферска канализација од 112 метри. Веќе се врши приклучување на водоводната и канализационата мрежа. Во завршна фаза е и бетонирањето на улицата во должина од 335 метри. Поставена е урбана опрема во дворот на џамијата. Извршена е замена на осветлувањето во центарот на градот, а се тампонира локалниот пат од Муртино до Еднокуќево. За реализација останува уште една третина од буџетот, сите тендери се завршени, постапките се во тек, пред се значајни активности се тротоарите во градот и населените места, втор слој асфалт на одредени улици во градот и населените места и продолжувањето на изградбата на канализационите и водоводните системи во градот и селата во општина Струмица, рече градоначалникот Заев.