Во општинскиот сервис „Систем 48“ во текот на месец септември, биле доставени вкупно 188 пријави, од кои решени се 172 пријави. Останатите 16 пријави се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа.
Најголем број од пријавите се од областа на уличното осветлување 91, од областа на собирање смет 29, водовод и канализација 9, општински инспекциски служби 6 и паркови и зеленило 6 и останатите се од други области.Од општинскиот сервис „Систем 48“ им се заблагодаруваат на граѓаните за користењето на услугите и истовремено апелираат до нив за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да може општинските служби веднаш да реагираат и да ги решаваат пријавените проблеми.