Во организација на општина Струмица и Центарот на заедницата синоќа во домот на АРМ се одржа првата сесија на Граѓанскиот буџетски форум. На сесијата беа презентирани досегашното извршување на буџетот за 2016 година и планираните програми и проекти за 2017 година.
По овие презентации, граѓаните кои беа присутни на сесијата предлагаа свои проекти во рамките на програмите за Улици и патишта, Локален економски развој, Уредување на рурални подрачја, Образование, Социјална заштита, Уредување на градежно земјиште, Култура и Спорт.Според секретарот на општина Струмица, Кирил Парталов, со овој граѓански буџетски форум, општина Струмица уште еднаш го потврди партиципативното носење на буџетот, во кое главен збор имаат граѓаните и нивните предлози за реализација на проекти кои се од витално значење за развојот на општината и подобрување на квалитетот на нивното живеење.