Во домот на АРМ, вечерва, со почеток во 18 часот ќе се одржи првата сесија на Граѓанскиот буџетски форум во организација на општина Струмица и Центарот на заедницата.
Граѓаните кои ќе присуствуваат на форумската сесија, ќе имаат можност да ги проследат планираните програми и проекти за 2017 година, да дискутираат по нив, но и да предлагаат свои проекти во рамките на програмите. Станува збор за осум програми, и тоа: Улици и патишта, Локален економски развој, Уредување на рурални подрачја, Образование, Социјална заштита, Уредување на градежно земјиште, Култура и Спорт. Покрај тоа, ќе биде извршена презентација на досегашното извршување на буџетот за 2016 година, како и презентација на Развојните програми како дел од предлог буџетот за 2017 година.Струмица е прва Општина во државата која го практикува партиципативното носење на буџетот, во кое главен збор имаат граѓаните и нивните предлози за реализација на проекти кои се од витално значење за развојот на општината и подобрување на квалитетот на нивното живеење.